Во 20 век се роди голем оперски проект, кој се покажа како судбоносен за нашата сакана уметност – нејзиното височество операта. Проектот е наречен „Тројцата тенори“, а негови автори се неповторливите Лучијано Павароти, Пласидо Доминго и Хозе Карерас, кои ја срушија идејата за сериозна и елитна оперска музика. Пеејки на стадионите, парковите и плоштадите пред илјадници луѓе, тие го освоија светот и заработија уште милиони фанови на операта и популарната песна.

„Трите тенори и … уште нешто“ е еден долго посакуван и веќе реализиран проект на Камерната опера од Благоевград. Радосни сме да ви ги претставиме трите прекрасни наши тенори:

Михаил Михајлов – артист – солист – тенор на Камерната опера во Благоевград и артист – солист на Државната опера во Русе.
Георги Динев – артист – солист – тенор на Државната опера во Стара Загора
Јуриј Николов – артист – солист – тенор на Камерната опера во Благоевград.

Во концертната програма ќе ги слушнете едни од најпознатите оперски арии и канцонети. La donna è mobile, E lucevan le stelle, Parla più piano, Caruso, Tu vuò fà l’americano и др. – кои ја воспеваат љубовта, испеани со многу чувства. Со еден збор, вечни.

Диригент: Георги Еленков
ОРКЕСТАР НА КАМЕРНАТА ОПЕРА БЛАГОЕВГРАД
Концерт мајстор: Стоил Богданов
Водетели: Милена Томанова, Габриела Мадина

17 октомври,четврток, 19:30 часот, НУ Центар за култура Крива Паланка

Влезот е бесплатен за сите љубители на уметноста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.