Триото Влатко Стефановски, Џијан Емин и Црногорскиот симфониски оркестар ја отворија музичката програма на фестивалот Град Театар. „Бистра вода“, „Чувам ноќ од будних“, „Као какоо“, „Јовано, Јованке“, „Кумова слава“ и многу други, беа изведени пред публиката на концертот во Будва.
Со ова беше отворена музичката програма на 38. фестивал Град Театар. Два и полчасовниот концерт на бината меѓу црквите предизвика ентузијастички аплауз и овации од публиката, што резултираше со дури два биса.
За време на концертот Стефановски откри дека годинава се навршуваат 50 години од неговата кариера, најави нов албум наречен „Muscle Memory“ и откри дека ќе ги објави своите мемоари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.