Едноставно, славењето на 30 години Авалон Продукција не е реално без враќање на местото каде се’ започна, со светото тројство на ,,нашата музика” – Партибрејкерс, Психомодо Поп и Екатарина Велика, велат од Авалон продукција.
Додека првите две имиња ама навистина и со својата креативност и квалитет имаат континуитет и и денес се на ниво како во 1993та година – Партибрејкерс и Психомодо Поп, од Екатерина Велика во моментов можеме да земеме само дел преку проектот кој за нас е од голема вредност, Деца из воде + Жика Тодровиќ, кој ќе не’ потсети на тоа што го живеевме со ЕКВ, додека Mилан, Mаги и Бојан беа со нас.
Задоволство ни е да ви ги најавиме следниве три концерти во МКЦ, по следниот распоред:20 декември – ДЕЦА ИЗ ВОДЕ + ЖИКА ТОДОРОВИЌ – 20 ДЕКЕМВРИ21 декември – ПСИХОМОДО ПОП22 декември – ПАРТИБРЕЈКЕРСИ во едно сме сигурни – дека тие три дена во МКЦ ќе се соберат многу генерации, а и онаа која е со нас од самиот почеток и била присутна кога во МКЦ сме ги работеле не само Психомодо Поп и Партибрејкерс, туку и Хаустор, Влада Дивљан и Аll Star band, Забрањено Пушење, Обојени Програм, Рамбо Амадеус, Вјештице и Бабе, Кисмет,Филм и така натаму…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.