Петок, 7 Јули, 21.00 часот – Клуб „МАРАКАНА„ – Скопје, – заедно со бендот ПрекуРед, Сабота, 8 Јули во 21.30 – Самостоен Концерт во “VALHALLA BAR” – Куманово, Четврток, 13 Јули во 20.00 – Самостоен АНПЛАГ Концерт во “АУДИОКУЛТУРА” – Скопје.
Влезот на првите два концерти е слободен, додека пак влезот на АНПЛАГ концертот е со резервација во Аудиокултура.
Лазар Нелковски е роден 2005 година во Скопје. Од најрана возраст се ориентира кон музиката а потоа и кон театарот и филмот. Завршува деведгодишно нижо музичко училиште, отсек – пијано. Напоредно, четири години учи гласична гитара, три години рок-гитара и една година тапани. Две години учествува на филмската училница во рамките на Кинотеката на РСМ, потоа шест години учествува на националниот Џифони филм фестивал и минатата 2022 година беше претставник на нашата земја на централниот Џифони филм Фестивал во Италија. Минатата година концертно го промовираше својот прв музички албум „BORDER”, чии е комплетен автор и продуцент и имаше премиера на својот прв документарен филм „СКОПЈЕ – ГРАДОТ НА ТРУДОТ„. Напоредно се занимава и со театар – режија и актерска игра и има учествувано во неколку пртстави, како и на една домашна и една меѓународна театарска турнеа. Минатата година своето школување го продолжи на колеџот UWC во Исак, Нагано, Јапонија, на групата – театар, филм и англиска книжевност. На концертите во „МАРАКАНА„ во Скопје и во “VALHALLA BAR”- во Куманово ќе се претстави во „електрична„ верзија, додека пак на концертот во Аудиокултура Скопје, ќе се претстави со анплаг верзија на одбрани нумери од првиот албум и новиот материјал од неговиот втор албум кој треба да излезе до крајот на годината. Лазар на концертите ќе биде придружуван од неговиот бенд во состав: Јана Ефтимова – Бас, Анастасија Трајковска – Придружен Вокал, гостинот од САД Maasiah на Ритам Гитара и Драган Андоновски на Тапани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.