Најавувавме, информиравме, зборувавме, а јавноста нестрпливо исчекуваше. И конечно, „Клубот“ на Тони Зен ја здогледа светлината на денот.

Имено, вчеравечер во „Cineplexx Skopje City Mall“, во присуство на семејството, најблиските пријатели и соработници, се одржа промоцијата на новото музичко парче на Тони Зен, кое наиде на воодушевување кај публиката, а тој нескриено ја искажа радоста за истото и по тој повод пред пристуните се обрати:

„Целата приказна започна со Иле, па продолжи со Ики и Нино. Со истите луѓе се соработува постојано, се менува само мал дел, во зависност од проектот. За ова музичко парче ми помогнаа млади луѓе кои верувам дека ќе го движат светот напред. Ми беше предизвик да работам со нив. Респект за сите што сте вечерва присутни, многу ми значевте во овој тежок период.“

Во време на рецесија и светска криза, факт е дека најдобро поминуваат песните од реалниот живот, „Клубот“ е токму таква, моќна и енергирчна…онаква каква што неговите фанови впрочем и очекуваат од него.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.