Незапирливата псај-техно хероина и една од најбараните уметници на глобалната електронска сцена, ИНДИРА ПАГАНОТО (Indira Paganotto) пристигнува за прв пат пред македонската публика и тоа како предводник на програмата на најголемиот летен музички фестивал кај нас – Д ФЕСТИВАЛ, кој ова лето ќе се одржува од 30 јуни до 2 јули во Дојран!

Шпанската ѕвезда на електронската музика – Индира Паганото, е потврда дека сѐ уште е можно на сцената да се донесе нешто свежо, автентично и поинакво. Таа на својот неоспорен талент работи повеќе од деценија, а во плодовите на нејзината работа сега повеќе од било кога уживаат псај-техно „воините“ ширум целиот свет. Имено, оние кои доаѓаат на нејзините настапи ги нарекува „воини“, и тоа со причина – нејзините сетови, како спој на техно и псај-транс звукот, со сигурност ја тестираат кондицијата на публиката. Нејзиниот уникатен музички правец во најголема мера е одреден од инспиративната Гоа, а како што и самата истакнува, најмногу научила од својот татко кој бил диџеј во ’80-тите и од неговата колекција на плочи во кои преовладуваат Гоа транс и асид техно.

Впечатлива и по својот непосреден однос со публиката, таа е несомнено едно од највозбудливите нови имиња на светската електронска сцена. Во последните две-три години, објави неколку ЕП изданија, меѓу другите и за Second State (етикетата на Pan-Pot). Пресудно беше тоа што нејзиниот талент и автентичност добија силна поддршка од водечките светски техно имиња – најновото ЕП „Lions Of God“, од кое две песни стигнаа до врвот на „Битпорт“ листата, како и претходното издание „Himalaya“, ги објави за KNTXT, издавачката куќа на белгиската диџејка и продуцентка Шарлот де Вит, а не можеше да ѝ одолее ни славната Нина Кравиц, која во своите сетови ги вклучи, до тогаш сѐ уште необјавените траки на ПаганотоМинатата година таа застана на најголемите светски фестивалски бини, како што се „TomorrowlandAwakenings“, „EXIT, со своето име потпиша и специјални сетови за „Mix mag“ и „DJ MAG“, а имаше и настапи во култните клубови како Printworks во Лондон и „Amnesia на Ибица.

И додека молскавично го освојува светот, на ред е и нејзиното премиерно гостување кај нас. Единствениот спој на техно и псај-транс за прв пат ќе пристигне пред македонската публика на Д Фестивал, на чија Главна бина ќе заблеска незапирливата енергија на Индира Паганото позната по сетови со силно и брзо темпо во луд еклектичен грув.

Ова лето во Дојран, Д Фестивал ќе се одржува од 30 јуни до 2 јули, а наскоро ќе бидат објавени уште многу новости и учесници од тридневната програма. Билетите за Д ФЕСТИВАЛ 2023 веќе се продаваат во рамки на актуелната “Ран Корморан” акција која ја гарантира нивната најповолна супер-промо цена и тоа: 1.100 денари за тридневен фестивалски билет, или 1.200 денари за тридневен фестивалски билет кој вклучува и камп-место. Билетите како и сите информации за Д Фестивал се достапни на официјалната веб-страница dfestival.mk .



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.