Богата програма ќе понуди годинашново издание на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република” која ќе биде отворена во 20 часот на први август на споменикот Илинден на Гумење во Крушево.
Отворањето е со настапот на македонската филхармонија и на Македонската опера и балет. Вечерта ќе настапат и Тамара Тодевска, Наде Талеска, Виктор Апостоловски и Викторија Лоба, информираат од Манифестацијата.
Тоа значи, објаснуваат од Научно-културните средби „Десет дена крушевска република” дека на први август ќе настапат два оркестри и четворица македонски изведувачи.
Во текот на манифестацијата, која трае до 10 август, ќе има програма за деца, изложба на Зоран Кардула, настап на Дац и Александар како и проекција на македонски филмови.
Еден од настаните кој привлекува големо внимание е изложбата на Зоран Кардула која ќе се одржи на 4-ти август во споменик Илинден. Изложбата ќе биде „зачинета” со ди џеј сет на Томи Бојаџи.
На впечатлив начин ќе биде претставена изложбата на илустрации инспирирани од серијалот „Star Wars”, насловена како „Star Wars & Makedonium и ќе понуди вонвременскиот изглед на Македониумот.
Отворањето на изложбата ќе биде придружено и од музички дел за кој ќе биде задолжен Томи Бојаџи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.