Не престануваат пријатните саботни изненадувања во рамки на мини фестивалот „Светско, а наше”, кој се одвива во „Јавна соба“. Вообичаено, поткровјата асоцираат на места каде се складираат чудни нешта, лични работи, битни спомени. Поткровјето во Јавна соба во саботите навечер е резервирано за светска, а наша музика, во една топла и интимна атмосфера каде бендот и публиката од 200 посетители толку лесно се разбираат.
Оваа сабота, 16. март, нè очекува Афро Гитано, со оригинална музика снимена на три континенти во пет земји (Конго, Канада, Франција, Австрија, и Македонија). Проектот е во соработка помеѓу Тони Китановски и Eric Malu Malu од Киншаса, Конго. Афро Гитано на композиторско ниво е симбиоза на македонската ромска музичка традиција и музиката на Африка (Конго и Западна Африка).
Отворениот концепт овозможува истражувања со други музички стилови, како во случајот со ДЈ Гоце и хип-хоп жанрот.
Тони Китановски, гитара
ДЈ Гоце, грамофони и електроника
World Music Saturday е мотото на фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Влезницата чини 400 денари. https://drugastrana.mk/event/svetskoanase-afro-gitano/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.