Единствена по својот музички израз, позната по иновативната аудиовизуелна изведба на пијано, екстремниот број следбеници на социјалните мрежи, но и голем број обожаватели во светот, Лола ќе му приреди на Скопје ексклузивен концерт…

Астанова е светски феномен, популарна е поради начинот на изведба, за кој вели дека е како што се чувствува во срцето, но и поради атрактивниот изглед.

Постојат одредени начини во животот и во класичната музика воопшто, начин на кој треба да се свири, начин на кој треба да се облекуваме, да се однесуваме. Јас излегувам од таа рамка, се давам многу на сцената и свирам онака како што ми кажува срцето и како што чувствувам – рече Лола која самата ги прави аранжамните на класичните дела и на популарната музика што ја свири.

Она што е, на пример, типично за моето свирење на ‘Турскиот марш’ е што додавам многу ноти. Во Скопје в петок нема да го свирам ‘Турскиот марш’, но ќе свирам една композиција која досега не е слушната, меѓу другите – рече пијанистката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.