Светски познатата пијанистка Лола Астанова на 2-ри јуни ќе настапи во Македонската Филхармонија. Единствена по својот музички израз, позната по иновативната аудио-визуелна изведба на пијано, екстремниот број следбеници на социјалните мрежи, но и голем број обожаватели ширум светот, Лола на Скопје ќе му приреди, ексклузивен и интимен концерт, вели организаторот.

Домашната публика ќе има уникатна можност да ужива во еден фасцинантен и емоционален концерт на атрактивната пијанистка, која со нејзиниот талент успеа да го сврти вниманието на великаните, како Андреа Бочели, Џон Корбет, музичкиот продуцент Дејвид Фостер, легендарниот пијанист Бајрон Џенис, 2 Cellos, па дури и поранешниот Американски Претседател Доналд Трамп.

Покрај тоа што Лола е вистински виртуоз на пијано, таа особено плени со својот атрактивен изглед. Астанова, која сега важи за една од најбараните пијанистки во светот, го започна своето музичко патување на осумгодишна возраст. До денес, како што велат критичарите, таа има постигнато врвна техника на пијано во комбинација со длабока музичка сензуалност и уникатно чувство за мода.

Со оригиналните концерти и соработката со најдобрите оркестри и музичари, Лола Астанова ги освои срцата на љубителите на пијано во целиот свет. Ретко кој може да остане имун на нејзината желба да секој нејзин настап биде, како што вели и таа самата „една посебна, елегантна и стравствена љубовна врска со клавирот“.

Позната е по блескавите интерпретации на композициите на Шопен, Лист и Рахманинов, и виртуозните композиции на пијано на хитовите како што се “ Don’t Stop the Music” од Ријана, “ We are the Champions” na Quinn и “Moonlight Sonata” од Бетовен, којa ја изведува заедно со Стјепан Хаусер од „2 Cellos“.

Лола важи за уметник која има многу возбудлива кариера, со дефиниција на современ виртуоз, а нејзиниот феноменален концерт во „Teatro del Silenzio“ заедно со италијанскиот тенор Андреа Бочели во срцето на Тоскана, во 2017-та година, кој собра под отворено небо повеќе од 12.000 гледачи од целиот свет, е опишан како еден од ремек делата на класичната музичка сцена. Во последните години Астанова свири со филхармониите на Јаhја Ling – музички директор и диригент на симфониски оркестар во Сан Диего, камерниот оркестар на Свети Лука во центарот за изведувачки уметности Линколн во Њујорк, Кливландскиот оркестар, а соработувала со диригенти како Eduardo Marturet , Ramon Tebar, Gerard Schwarz. Изведбата “Rhapsody in Blue” на Gershwin со Gerard Schwarz и учеството на Лола беше вклучено во посебнo телевизиско шоу “All Star Orchestra” во Њујорк, каде што заслужено доби награда “Еми” за 2016 година.

Чувството на драма во нејзиниот изглед и емоцијата во свирењето ја прават уникатна. Во 2012 година беше прогласена за една од топ 10-те стилски икони во класичната музика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.