„Суперхикс Банда Инструментале“ – бенд кој речиси 30 години ја пишува македонската музичка историја, го објави својот нов сингл насловен „Крута”.
Синглот е снимен во текот на јуни оваа година во студиото „ТРА ЛА ЛА“ на Мите Димовски, а е првиот од неколкуте нови синглови на „Суперхикс“ кои публиката со нетрпение ги чека.
Бендот го најави и новиот студиски албум кој треба да излезе наскоро, а во меѓувреме ги гледаме на концерти ширум Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.