Ниту Срѓан Марјановиќ може без „Охрид- фест“, ниту пак фестивалот без него, особено кога одбележува три децении траење.

Популарниот екс- ју кантавтор Срѓан Марјановиќ, познат по специфичниот стил („Иди“, „Бебо не плачи“, „Ми смо један другом говорили ви“, „Имаш код мене велики плус“, „Кад једном пукнем ја“) е вљубен нашата земја, поради музиката, пријателите, енергијата…

Имам многу пријатели во Македонија, вели Срѓан.

Го служев воениот рок во онаа прекрасна Југославија, во Битола. Сопругата по потекло беше од Охрид… Многу работи ме врзуваат за вашата земја, и се радувам секогаш кога ќе го го повторам дружењето. Се разбира дека ја сакам македонската кујна, вкусив скоро се…А „Охрид-фест“, тој ми е голема слабост…“

 

Досега овој , слободно може да се нарече- наш музичар, на фестивалот настапувал со песните „Добри мој“, „Пешчани сат“- дует со Маја Оџаклиевска, „Роденден“ а на јубилејното 30-то издание ќе настапи со актерот Бане Видаковиќ во темата именувана според истоимениот роман „А могао сам бити геј“. Песната настана како реакција на Еуросонг: ја враќа насмевката на лице, духовита е, и се лепи на прво слушање. Да потсетиме: Интернационалната вечер на „Охрид фест“, кога настапуваат Срѓан и Бане е на 2 септември, на сцената на Долни Сарај. Се гледаме!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.