Музичката апликација „Спотифај“ вчера ги сподели резултатите на своите корисници и даде увид во најслушаните изведувачи и песни во 2023 година.
Листата на најпуштани песни се состои од 50 хитови, а некои од нив дури се пласираа и на Билборд листата во изминатите 12 месеци.
Хитот на Мајли Сајрус „Flowers“ беше најстримуваната песна во светот, со повеќе од 1,6 милијарди стримови ширум светот. Песната излезе во јануари оваа година, а зборува за самољубието, внатрешната сила и самодовербата.
Најмногу слушан изведувач во 2023 година беше Тејлор Свифт со повеќе од 26,1 милијарди глобални преноси од 1 јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.