Словенечката авангардна музичка група “Лајбах“ одржа концерт на јубилејното 15 издание на Музика на светот, во рамки на нивната европска турнеја „Love is still alive“.

Влеговме во нивната евриопска турнеја и покрај 20 други градови како Лондон, Луксембург, Малме, Амстерсдам, Братислава, Варшава, Виена…. бенд од калибар на Лајбах  настапи во Битола на Фестивалот „Музика на светот“, рече Маја Андоновска Илиевски, директорка на Центарот за култура -Битола.

На прес-конференцијата пред концертот стана збор за војната, зошто објавата на видео спотот “War” неодамна коинцидираше со ескалацијата на вечните судири на Блискиот исток. LAIBACH повторно делува пророчки со прст на пулсот на човештвото.

И колку е војната за тој дел од светот или насекаде каде што се повторуваат судирите е природна состојба?

За мирот како повремен интервал меѓу војните од создавањето на првите организирани држави пред 5000 години, па до денес.

За најновиот проект “Alamut” кој се бави со идеите на радикалниот политички и религијски нихилизам и кој требаше да биде изведен во Иран, но се случи Ковид, па дојде нова власт која не е толку либерална, но LAIBACH не се откажува. Композиторите во овој проект се од Иран, проектот е направен со Словенечката филхармонија со која диригира ирански диригент.

За тоа, како LIABACH како формација се менува и како во неа влегуваат врвни музичари кои имаат силна индивидуалност и им се остава бескрајна слобода на креирање.

Се зборуваше за консеквентноста на нивното делување и музички и визуелно, нешто што создава естаблишмент во облекување и филозофија на живот.

Се зборуваше за иднината, која не ни носи ништо освен утрешното минато.

Се зборуваше и за љубовта, која е главна тема на последниот албум во која иако апокалиптичната визија за планетата и распадот, како што вели и Leonard Cohen во песната The Future, која LAIBACH ја обработува и станува темел за нивната композиција The Engine of Survival, дека љубовта и убавината можат да го спасат светот.

Љубовта сè уште не ја напуштила нашата планета, но може наскоро ако не бидеме малку попаметни. Додуша, интелигенцијата не помага многу во љубовта и не можеме секогаш да се оправдуваме со сопствената глупост. Љубовта е, едноставно, најмоќната и најразорна сила во универзумот. Тоа е смртоносно оружје кое може или да не уништи или да не облагороди. Затоа, мора да се постапува внимателно и со ракавици, велат членовите на „Лајбах“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.