Something’s Wrong е нов сингл на битолчанката Кики Плиш која иако звучи како љубовна песна, всушност се ги отсликува позитивните и негативните страни во карактерот на една личност.
Вокалите се снимени во нејзиното домашно студио во декември 2021, а видеото е Јуни 2022 год. , дел во регионот на предградието на Битола дел во Кафе Барот Камарите во центарот на Битола.
– По низа случувања и пресврти во животот во тој период, откако добив дел од битот, во рок од 10 минути текстот и мелодијата излегоа од мене како да чекаа момент за да се ослободат со што се оформи креативната целина. Исто како и процесот на продирање во самите себе со цел осветлување или перцепција насочена кон темните страни или shadow self карактеристиките преку кои се осознаваме и се подобруваме во секој аспект, вели таа.
Прв посериозен проект на Кики Плиш имаше во 2016 год. кога беше дел од О2 продукција во проектот Brooklyn Project под името Christina Felis со кој настапувале по дискотеки низ цела Македонија.
– Тогаш бевме предгрупа на познатата Гери Никол на Plus Festival во Пазарџик Бугарија и ја делев сцената со едни од нај познатите рапери и артисти од Балканот како Едо Мајка, Ајс Нигрутин, Sky Wikluh, Слаткар, Криско итн. на манифестацијата Хип Хоп 2016 награди во Битола, раскажува таа.
Во периодот од 2017 до 2019 Кики Плиш настапувала на помали настани и фестивали меѓу кои е и Underfest фестивалот во Скопје.
– Од 2021 год. Настапувам во Битолското Кабаре Голд Фелиција каде што се откривам самата себе и ја имам можноста да експериментирам со различни стилови кои некако ги користам и во креативниот процес на мојата музика, додава таа.
Пишува уште од средно на македонски, англиски и шпански јазик.
– Во периодот кога престојував во Шпанија имав случајна можност да се спојам со Chris Jo Matt или продуцентот на оваа песна кој е со потекло од Индија а живее и студира музичка продукција во познатото Point Blank музичко училиште во Лондон, вели Кики Плиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.