Вечерва со почеток во 20 часот во Аудиокултура ќе се одржи слушачка промоција на КРСТЕНА ВОДА,новиот (седми по ред) албум на Крсте Роџевски.
Станува збор за дванаесет нови песни, претставени во отскриена, сува, наивна форма, снимени како соло настап во живо, во студиото Bunker во Њујорк.
Крсте Роџевски е комплетен автор на сите текстови и композиции, негови се сите вокали, а ги свири и сите инструменти на албумот (акустична гитара, усна труба, удиралки, теренски снимки…). Албумот е снимен од Aaron Nevezie, миксан од Ben B. Goss, а мастериран од Michael Fossenkemper во њујоршкото TurtleTone Studio. Дизајнот на омотот го направија Иванчо Талевски и Matt Neff. Продуцент на албумот е самиот Роџевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.