Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, утре вечер, (06.07.2024) ќе одржи концерт во Сули ан, со почеток во 20.30 часот, а е дел од програмата на јубилејното 45. издание на манифестацијата „Скопско лето”.
Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика. Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет ,,АРТВАРК” од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт.
Покрај композициите напишани од членовите на АРТВАРК квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота.
ФАМЕ’С европскиот окрестарски изведувачки институт претставува музички образовен центар кој што е создаден во рамките на компанијата ФАМЕ’С која се занимава со професионално снимање и продукција на музика. Институтот претставува уникатна платформа за професионална музичка едукација, размена на искуства и креативност, наменет за млади талентирани инструменталисти од Европа, во полето на оркестарската музика, како дел од програмата за Пан-Европски културниентитети (CREA-CULT-2021-PECE). Фокусирајќи се на креирање можности за младите таленти, програмата обезбедува едукација и разновидни оркестарски практики, истражувајќи нови стилови, збогатувајќи го репертоарот сонови композиции итн. Оваа програма овозможува високопрофесионално ниво на обука, пракса, менторирање и изведби, преку новите методологии и технологии кои сеовозможени во студиото на ФАМЕ’С.
Преку различни дигитални платформи, проектот се стреми и кон развој на нова публика, пренесувајќи ги искуствата и културниот диверзитет на европското музичко наследство.
Овој институт континуирано е домаќин на млади музичари од различни земји од Европа, како и врвни музички уметници кои ги раководеа активностите на овој семинар, меѓу кои: Тимоти Редмонд, Колсимча бенд, Оливие Труан, Алистер Кинг, Луис Иварс, Франческо Тристано, Роб Мазурек, Бенџамин Шварц, Куареим Квартетот, Етјен Аблен, Габриел Прокофјев, Игор Корети, Оливие Дежурс, Емили Дејвис, Ирина Муресану, Јан Банг, Танго 5/4, Лука Фаулиси, Пол Марсовски, Чаба Палфи и Петер Барсони.
Конрад ван Алфен е инспиративен диригент кој ги прави нештата да се случуваат, ќе напише критиката за холандскиот маестро. Етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент Конрад ван Алфен се стекнал со својата популарност и кај оркестрите и кај публиката, благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробитеи изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат: Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година Конрад ван Алфен бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар„Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“ во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва, во познатата сала „Чајковски“. Исто така, тој е гостин-диригент и со оркестрите на добро познатите културни центри во Новосибирск и Санкт Петербург. Во изминатите години, бројни оркестри низ светот настапиле под диригентската палка на Ван Алфен, и тоа во: Холанија, Германија, Белгија, Италија, Швајцарија, Англија, Данска, Израел, Словенија, Србија, Бугарија, Романија, Полска, Јужна Африка, Кина и Мексико. Неодамна, успешно дебитирал со Филхармонискиот оркестар од Брисел, со„Симфоникер“ во Бохум и со Симфонискиот оркестар„Светланов“ во Москва. Бројни солисти ја уживале неговата придружба, како што се: Даниел Хоуп, Жанин Јансен, Бенџамин Шмид, Куирин Виерсен, Роланд Браутигам, Албан Герхард, Симон Ламсма и Никита Борисо-Глебски. Низ изминатите години неговите соработки со Рускиот национален оркестар и солистот Михаил Плетнеев на фестивалите во Монтро и Мерано резултирале со неколку покани за соработка за турнеите во Кина и во Јужна Америка. Конрад ван Алфен е роден во 1963 година во Преторија. По завршувањето на своите музички студии на 26-годишна возраст, тој се преселил во Холандија и ја имал постојаната позиција на контрабасист во Радио-симфонискиот оркестар и на академијата „Бетовен“ во Антверпен, Белгија, паралелно студирајќи и диригирање подраководство на Ери Клас и Роберо Бензи.
Kвартет Саксофони Артварк
Во бурниот свет полн со искушенија, Артварк оди по својот пат, непогрешливо воден од внатрешното чувство на потрага по нова музика и нови средби. Квартетот се движи низ музичките традиции, понекогаш е тоа и на пресекот меѓу класиката и џезот, но секогаш со многу емоции, нишајќи се низ сцената според импровизирана кореографија.
Артварк редовно настапува на големи меѓународни фестивали како Северноморскиот џез фестивал, џез фестивалот во Каиро, џез фестивалот Бохемија во Прага, Џез Бриж во Белгија, Бреј џез фестивалот и фестивалот Стив Рајх во Ирска и има остварено гостувања во Ирска, Турција, Германија, Полска, Египет, Велика Британија и неколку пати во Јужна Африка. Значајни се и нивните соработки со џез легендата Питер Ерскин, сенегалскиот маестрален тапанар Doudou N’Diaye Rose, данскиот инди-рок бенд Efterklang и познатиот композитор Филип Глас. Заедно со позната Кларон Мекфајден од САД, го снимија албумот „Sly Meets Callas“, а настапувале и на бројни престижни фестивали на класична музика, како„Grachtenfestival Amsterdam“, „Rotterdamse Opera Dagen“ итн.
Артварк е познат и по настапите во култните холандски џез-локали, како што се Lantaren Venster Rotterdam и Bimhuis Amsterdam, но исто така и во големите концертни сали како De Doelen Rotterdam и Tivoli Vredenburg Utrecht. Квартетот неколку пати настапи и на националната телевизија во рамките на различни емисии во кои се изведува најдобрата класична, џез и светска музика во живо.
Artvark се стреми да ги поврзе световите и да ги премине границите, како во себе, така и во нивната музика. Тие неуморно творат, бараат повеќе и откриваат нови хоризонти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.