Влезниците за претстојното издание на традиционалниот Скопски џез фестивал, што годинава ќе се одржи од 13 до 16 октомври, се веќе достапни на билетарниците на НОБ, МКЦ и онлајн на МКтикетс. Фестивалот годинава е сочинет од 10 концертни настапи и еден документарен филм. Програмата е извонредно силна, внимателно составена и исполнета со низа ексклузивни настапи на некои од најголемите имиња на современиот џез и креативната музика денес:

13 октомври
НОБ, 20:00 >> Rob Mazurek Exploding Star Orchestra with Fame’s Chamber Orchestra
МКЦ, 23:00 >> Zulu 3.4

14 октомври
НОБ, 20:00 >> Hamid Drake’s Turiya: Honoring Alice Coltrane
МКЦ, 23:00 >> Abacaxi • Taxi Consilium

15 октомври
НОБ, 20:00 >> Amaro Freitas Trio • Goran Kajfeš Subtropic Arkestra
МКЦ, 24:00 >> New Future City Radio (Damon Locks / Rob Mazurek / Mauricio Takara)

16 октомври
НОБ, 20:00 >> Thumbscrew • Ingebrigt Håker Flaten (Exit) Knarr

ПРОГРАМА ПЛУС
12 октомври
МКЦ Кино Фросина, 20:00 >> Summer Of Soul – документарен филм

Повеќе детали за фестивалот: www.skopjejazzfest.com.mk



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.