Вечерва во 20.30 часот пред платото на Офицерскиот дом во Битола во склоп на Локум Фест- Балканскиот Етно Фестивал, ќе настапи групата „Синафи Трио“.

„Синафи Трио“ е основана од три грчки музичари кои се запознале во Истанбул, Турција. Триото ја вклучува Фотини Кокала на канун, Марина Лионту на уд и Елена Мудири Хасиотоу на вокал и перкусии.

Триото пее приказни за егзил, разделба, љубов и радост на турски, грчки, азербејџански, ерменски, курдски и сириски јазици. Влијанијата на Синафи доаѓаат од Кападокија, Тракија, Егејското Море и урбаниот Истанбул



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.