Музичкиот фестивал „Андерфест“ ќе се одржи по шести пат на 1 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.
Публиката и овој пат ќе има можност да следи музиката од претежно алтернативната и рокенрол сцена од нашата држава.
За овој „Андерфест“ организаторите најавуваат шест настапувачи, кои, како што велат, ќе ја размрдаат публиката во денсинг салата на МКЦ.
На ‘Андерфест 6’ ќе настапат: Миа Перевска, Стефан Петановски, ‘Basement Cult’, ‘The Mole Pack’, ‘Fiction’, и ‘Foolish Green’“, велат организаторите на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.