Сестрата на Селин Дион откри во каква здравствена состојба е светската музичка ѕвезда, која на почетокот на годинава се појави во јавноста со своите деца, по долго време и по одлуката да ја одложи светската турнеја минатиот декември, поради ретка невролошка болест со која се бори.
Работи напорно, но нема контрола над мускулите. Она што ми го кине срцето е тоа што таа секогаш беше дисциплинирана. Таа секогаш работеше напорно. Нашата мајка секогаш ѝ велеше: „Ќе го направиш тоа добро, ќе го направиш правилно“, изјави сестрата на славната музичка дива Селин Дион за „7 Jours“ и додаде:
– Вистина е дека за нас и за неа е сон да се врати на сцената. На кој начин? Не знам – изјавила таа.
Сестрата на Селин Дион нагласи дека ќе биде потребно време за да се направи тој камбек. Познатата пејачка боледува од синдром на вкочанета личност, тоа го објави минатата година.
Гласните жици се мускули, а и срцето е мускул. Со оглед на тоа дека болеста е многу ретка, погодува еден од милион луѓе, научниците се уште многу не ја истражуваат оваа болест, бидејќи од неа заболуваат само исклучително мал број на луѓе, дополнила во интервјуто сестрата на легендарната музичка ѕвезда Селин Дион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.