Семејството на прерано починатиот пејач Џорџ Мајкл порача дека не го поддржува снимањето на биографската драма за него, во која би требало да го глуми Тео Џејмс.
До сите обожаватели на Џорџ и љубители на неговата музика, објавена е приказна во која стои дека семејството на Џорџ Мајкл одобрило т.н. биографски филм за неговиот живот. Во име на семејството на Џорџ, сакаме јасно да порачаме дека во оваа приказна нема никаква вистина, не знаеме ништо за овој проект и нема да го поддржиме на ниту еден начин“, се наведува во објавата.
Англиските медиуми пренесоа дека семејството го одобрило снимањето на филмот, иако очигледно тоа не е точно, а главната улога би требало да му припадне на Тео Џејмс.
Филмот ќе ја следи кариерата на Џорџ Мајкл од групата „Wham!“ до неговиот успех како соло изведувач, со хитовите како „Careless Whisper“ и „Freedom“.
Сценариото е во завршна фаза и продуцентите го бараат главниот актер. Сите го споменуваат Тео Џејмс, тој би бил совршен за таа улога“, открил извор за „Daily Mail“.
Џејмс, како и Џорџ, има грчко потекло – неговиот дедо Никос побегнал од Атина во 1941 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.