Музичката дива Селин Дион (55) за прв пат се појави во јавноста откако пред четири години и беше дијагностицирана многу ретка болест, т.н. синдром на вкочанета личност. Таа е снимена со членовите на семејството на игра во Лас Вегас.
Пејачката ја посетила играта и навивала за клубот Монтреал Канадиенс, чиј голем фан е. По натпреварот заедно со синовите Рене-Чарлс, Еди и Нелсон отишла во соблекувалната да ги поздрави играчите и да разговара со нив.
View this post on Instagram
На фотографиите пејачката изгледаше многу весело, а клубот беше воодушевен од нејзиното доаѓање.
– Прекрасна посета. Целиот тим е многу среќен што ве запозна вас и вашето семејство. Ти благодарам Селин – напиша на Инстаграм Шантал Машаби, ПР претставник на канадскиот клуб.
Да потсетиме, Селин Дион кон крајот на минатата година објави дека се бори со синдромот на вкочанета личност – Stiff Person (СПС), необична и предизвикувачка болест која предизвикува неконтролирани мускулни грчеви. Тоа е невролошко нарушување кое доведува до вкочанетост на мускулите. Болеста го заклучува телото во положба од која лицето не може да се движи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.