На една прослава српскиот пејач Хусеин Хуса Алијевиќ доживеа вистински пех среде настап.

Имено, додека ја изведуваше песната на својот покоен колега Дје „Лубеница“, Хуса реши да ја подигне атмосферата со качување на масата.

Но, под притисок на неговото енергично танцување, масата се срушила, а пејачот паднал со неа.

Гостите со неверување гледаа што се случува, но Хуса професионално продолжи да пее, како ништо да не се случило.

@marijakojic991 #fyp #fyppppppppppppppppppppppp #balka #song #musica #zabava #hahah #smehdosuza #smeh #humor #crazy #pesma #balkanmusic #balkantiktok #balkanci #sverige #svedska #stocholm #solna #solnascente #ikea #majstor #zanata #muzika #peh #pad #ludilo #dzej #dzejlaramovic #huseinalijevic#iamhusein #nedeljafilm #nedeljadzej @Husein Alijević @Balkan Songs 🎤🎶🎵 @Muzika balkana @violetavas1 ♬ original sound – King Cobra 🖤🐍🖤

Но, авантурите на височина за него не беа завршени, не долго потоа Хуса се качи на нишаво столче предизвикувајќи уште една опасност, но успеа да избегне нов пад и да ја задржи насмевката на лицата на присутните.

Да потсетиме, режисерот Немања Ќераниќ како гостин во емисијата „Уранак“ на телевизијата К1 откри дека Хусеин Алијевиќ Хуса од групата Бит Стрит ја добил улогата на Џеј Рамадановски во филмот „Недела“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.