Македонска Филхармонија блесна во полн сјај, преполна сала со громогласни аплаузи за предновогодишниот музички спектакл „Jingle Bells Symphony“. Sarah Mace & the Christmas Girls и Камерниот Оркестар на Битола на посетителите им приредија ноќ за паметење и вистинско празнично задоволство за сите сетила.
Сара Мејс, Калина Велковска, Полина Тасева, Ана Петановска и Теа Богатинова го отворија концертот со извондредната изведба на песната „Santa Claus is comin’ to town“ и како со магично стапче создадоа зимска концертна магија. Едногласно со публиката ги отпеаа најпопуларните Божиќни песни како „Jingle Bells“, „Deck the halls“, „All I want for Christmas“, „Елко, елко“, „A Holly Jolly Christmas“ и многу други.
Исто така, девојките приредија изненадување и на нивна покана, специјален гостин на концертот беше маестралниот музичар од соседна Бугарија, Александар Христов.
Целата атмосфера беше збогатена со звуците на единствените музичари од Камерниот оркестар на Битола, под диригентската палка на неприкоснованиот Владимир Димовски.
„Jingle Bells Symphony“ ги стопли срцата на посетителите, кои уживаа во секоја отсвирена и отпеана нота, на самиот крај од концертната вечер со широки насмевки и стоечки овации ги испратија Sarah Mace & the Christmas Girls и членовите на Камерниот Оркестар на Битола.
Сите 5 девојки блеснаа во свечени тоалети креирани специјално за овој концерт од рацете на врвната модна дизајнерка Фросина Ангеловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.