Сѐ е подготвено за големиот, славенички концерт на ДНК насловен „20 години ДНК“, а закажан на 3 декември (сабота) во арената „Борис Трајковски“.
Стартот на концертот е предвиден за 20 часот, а настанот ќе значи заокружување на едно убаво и големо поглавје во кариерата на двоецот, но и патување низ времето со најголемите хитови на Панчо и Андреј.
Освен нив на сцената присутните во салата ќе ги видат и чујат и луѓето со кои другаруваат и соработуваа во текот на кариерата – Тамара, Ена, Таско, Наум Петрески, Јанг Дади, Џамбо Агушев и неговиот оркестар… За загревањето на атмосферата, пак, ќе се погрижат диџеите Ајри Скреч и Нести.
Нѐ оставивте без зборови, се гледаме во сабота“, едногласни се Панчо и Андреј, во однос на податокот дека билети за саботната дружба во продажба повеќе нема. А тоа значи дека оние кои навреме си купија влезници се среќни затоа што нема да мораат да чекаат до следната ваква дружба или некој друг да им раскаже како се слави јубилеј.
Дел од средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани во хуманитарни цели, односно доделени на фондацијата „Марко Божиновски“ во која членуваат Панчо и Андреј и се големи поддржувачи на истата.
Се гледаме во сабота – дојдете да го славиме животот и македонската музика бидејќи не знаеме што ни носи наредниот ден!“ – порачуваат Панчо и Андреј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.