Вечерва, ќе се одржи деветтото издание на „Рудар Рок Фест“. Овој рок настан ќе се одржи на повеќенаменското игралиште во Градскиот парк во Пробиштип, а истиот се одржува во рамките на културните денови по повод 28 Август – Денот на рударите и големиот христијански празник – Пресвета Богородица.

И оваа година се обидовме да ги заживееме основните карактеристики на овој рок настан од претходните години – хард рок музиката и промовирањето на нови бендови од македонската рок сцена. Па така посетителите ќе имаат можност да уживаат во хард рок, панк и метал звуци на нашите изведувачи, велат организаторите на овој настан.

 

На овогодинешниот Рудар Рок Фест ќе настапат; „Преку Ред“, „Беседа“, „Прв Ред“, „Ashborn“, „Mamut“ и „Last Expedition“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.