ROLLING STONE ја објави листата на 200 најдобри пејачи на сите времиња. Поточно, ја ажурираа листата на 100 најдобри пејачи во светот за 2008 година и додадоа уште 100. Сепак, Селин Дион ја немаше на листата, што ги разбесни нејзините фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AGUNG DARMAWAN 🅴 (@agung.darmaone)

На прво место е Арета Френклин, а потоа следат Витни Хјустон, Сем Кук, Били Холидеј и Мараја Кери, Реј Чарлс, Стиви Вондер, Бијонсе, Отис Рединг и Ал Грин. Списокот вклучува и некои имиња на поспецифични вокалисти како Ози Озборн (#112), Глен Данциг (#199), Курт Кобејн (#36), Брус Спрингстин (#77), Мик Џегер (#52), Џон Фогерти ( #118), Пети Смит (#117), Криси Хајнд (#114), Роџер Далтри (#109), Кортни Лав (#125) и Џо Страмер.

Тука се и Лејди Гага (#58), Тејлор Свифт (#102), Ашер (#97), Били Ајлиш (#198) и Селена Гомез (#89). Но, Селин ја нема, иако со години важи за една од најдобрите светски вокали и редовно ги полни најголемите светски арени. Незадоволните коментари веднаш ги преплавија социјалните мрежи, но објаснувањето веројатно лежи во тоа што Ролинг Стоун при составувањето на оваа листа го имал на ум, токму како што вели насловот, „најдобрите пејачи“, а не „најдобрите гласови“ на сите времиња.
Кога Ролинг Стоун за прв пат ја објави својата листа на 100 најголеми пејачи, користеше „разработен процес на гласање што ги вклучуваше мислењата на познатите музичари“, кој во тоа време беше главно насочен кон класичниот рок и пејачите од 1960-тите и 1970-тите.
Оваа ажурирана верзија е составена од персоналот на Ролинг Стоун и клучните соработници и се фокусира на уметници од последните 100 години популарна музика. Она што им се чинеше најважно на новинарите е „оригиналноста, влијанието, каталогот на уметниците и широчината на нивното музичко наследство“, објаснуваат тие.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.