Радио 106 од Битола и оваа година ќе ги прогласи најдобрите артисти и нивните изданија од светската музичка сцена во големото шоу Најдобрите во 2023!”. 106-ка започна со овој амбициозен проект уште во 2001. година, во обид да го преточи вкусот на македонската музичка публика во церемонија на доделување на награди од типот на познатите GrammyBrit, и сличните на нив, но, според наш вкус, мислење и според тоа колку и кои од песните биле популарни кај нас. Така, секоја година 106-ка продуцира и емитува повеќечасовна спектакуларна шоу програма во која ги прогласува најдобрите хитови и музичари во вкупно 20 категории, меѓу кои се категориите за најдобра поп, рок, латино, хип хоп, р&б, денс, саундтрак песна, најдобар ремикс, продуцент, машки, женски артист, најдобра група, хит на годината според 106-ка и хит на годината според слушателите. Ова ќе биде 22-ро прогласување на Најдобрите!

 

Шоуто ќе изобилува со ексклузивитети, концертни изведби на најпознатите хитови на годината, рецензии на изданијата, анализи на светската музичка сцена, а покрај сето тоа и самите музички ѕвезди ќе зборуваат за нивните песни. Од пред неколку години шоуто се пренесува и на најпознатите локални радија во Македонија, а премиерно ќе се емитува на фреквенцијата на 106-ка – Битола (106.6 фм) на 29. декември, со почеток во 14:00 часот. Комплетната листа на номинирани во сите категории, пропозициите и повеќе детали имате на www.106.com.mk. На веб страната исто така, можете да ги преслушате и минатите изданија на шоуто.

 

Вредно да се знае… Покрај ова големо шоу, 106-ка има уште една добро позната новогодишна традиција, а тоа е големото Новогодишно Шоу На 106-ка. Тоа е традиционално шоу, во кое 106-ка, со вклучување во живо, се дружи со своите слушатели и му доделува поклони. Се случува на 31. декември од 10 до 15 часот и секоја година ги руши рекордите на слушаност!

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.