Во Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечерва ќе се одржи вториот од трите планирани концерти од проектот „Back to MKC 1993-2023“ и публиката ќе ужива во настапот на легендарната хрватска рок група Психомодо Поп.

Концертот на Психомодо Поп во октомври, 1993-та се одржа во МКЦ во петок и недела, а во сабота во Младинскиот Културен центар во Штип. Концертот во петок во МКЦ останува раритетен по неколку работи… Првата е фактот што веројатно никогаш во историјата на МКЦ немало повеќе луѓе во денсинг салата… Втората е тоа што концертот ќе остане запаметен како еден од најексплозивните и најенергични концерти одржани во таа сала, бидејќи концертот дојде после една подолга пауза од свирење во МКЦ, после војната и распадот на СФРЈ., а, третиот факт, можеби не е ексклузивен на регионално ниво, но во Скопје веќе никогаш не се повтори фрлањето на Гобац гол, како од мајка роден, од звучниците директно во публика, велат организаторите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.