На 7 април во МКЦ се случува промоцијата на вториот албум на Владимир Кесковски, под името Reality check, кој спојува пет различни уметници и ни ветува возбудлива музичка вечер.

За името на албумот вели дека е добра порака поставена како прашање кое секогаш треба да си го повторуваме: дали ни треба проверка на реалноста?  Во петок на 7 април  ќе видиме како група различни уметници кои делат исти вредности, преку своите различни форми нудат своја перспектива како одговор.

 

Кеско е еден од ретките уметници кои создаваат сопствена музика која е под силно влијание на некои од најреномираните имиња во електронската музичка индустрија, црпејќи инспирација од оние како The Prodigy, Chemical Brothers, Massive Attack, Orbital, Pendulum, Chase & Status и U.N.K.L.E.  Стилот на Кеско е уникатен, спој на неколку музички правци како днб, техно и транс, но резултатот креира уникатно хипнотизирачко звучно искуство. Како негови гости ќе можеме да ги слушнеме и Dj Flooder и Kronom. Во прилог е  нумерата „Спротивност„ која ќе биде презентирана на 7 април во МКЦ.

Во приказната по настанувањето на овој албум, се поврзува и ликовната изложба изложбата на Тања Кесковска под наслов „Дали си слободен или си под контрола?„

“Ослободување од контрола без разлика кој или што е тоа што не контролира е примарната порака што ја носи мојата изложба. Reality check е особина која треба да се поседува за да почне тоа ослободување и токму тоа што ни треба на нас младите модерни проблеми бараат модерни решенија. Добра дружба со уметноста е секогаш ДА.” вели младата уметница Тања Кесковска. Ликовната изложба ќе биде поставена во холот на МКЦ, но една поинаква верзија на изложбата ќе се одвива на сцената, за што ќе се погрижат виџејот Мутер и артистот Artist3dx кој сцената ќе ја претвори во инсталација.

На оваа група млади луѓе им се придружува урбаниот бренд Систем на Стефан и Никола, кои велат: „одбери го својот систем, не биди избор на системот„. За првпат, во чест на овој овој настан, ќе подготват колекција со уникатниот ликовен дизајн Reality Check, која првпат ќе биде пуштена во продажба на концертот.

Во целата приказна се појавуваат и младите од здружението „Извор„ од Кичево кои го поддржаа овој настан да биде подостапен и овозможија билети за стотина млади луѓе кои ќе се приклучат како гости на забавата. „Младите од Извор побараа нивната кампања Гласот на младите да се вика Reality check, им се допадна приказната, различноста на сите нас уметниците вклучени во овој проект. Ова нас ни кажа дека пораката што ние ја испративме, некој ја разбира, му значи и ќе ја развива понатаму„ вели Кесковски.

Настанот ќе се одржи во МКЦ а билети може да набавите на www.bileti.com.mkc.mk.

Сите ние живееме со нашите мисли, нашата имагинација, која ни дозволува да дојдеме до одредени цели за кои се бориме, но и често не носи на места кои и не се толку сјајни будејки во нас омраза, љубомора, ниска самодоверба која почнува да штети и на другите околу нас. Reality check е особина која сите треба да ја поседуваат и почесто да ја користат за да се искористи вистинската моќ која ја поседува нашата имагинација, вели Владимир Кеско.

Тања Кесковска за пораката на нејзината изложба со Reality check вели дека „ја преставува универзалната контрола врз животот на луѓето: иако сме свесни дека секогаш постои таа некоја видлива или имагинарна контрола сепак треба да се направи избор кој ќе преставува ослободување на мислите и изразувањето“.

Reality check, како идеја на Владимир зреела во него долго време, додека јас сум работела на мојата изложба, и всушност ние се препознавме како уметници со слични размислувања и ставови, и решивме да ги споиме двете форми во иста порака, смета Тања.

Стефан и Никола од Систем велат дека „нивната втора линија преставувала баш еден Reality Check, и сфативме дека доколку нешто не се изработи квалитетно, подобро да не се изработи.“

Истите идеали ги делат Кеско и Тања. Ни се допадна целата идеја на Reality Check, се чувствува дека пораката е препознатлива, урбана а хумана, и во таква приказна лесно си го најдовме своето место„, изјави Стефан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.