Шест познати македонски народни песни, доживеаа инструментална верзија во која доминира кларинетот на познатиот мајстор на овој инструмент Стојан Трајковски. Овој носач на звук од старите рубато мелодии, внесоа нов звук за новото време.

Овој мој проект е музичко патување низ нашето наследство. Преку мелодиите од минатото, го ревитализираме музичкиот дух и ги зачувуваме нашите богати културни традиции за генерациите што доаѓаат„ – истакна Стојан Трајковски на промоцијата која се случи во рамките на 53. издание на фестивалот Илинденски денови во Битола.

На промоцијата, освен носачот на звук, беше премиерно прикажан и првиот видео спот од истото издание за песната „Ајде слушај, слушај…Калеш бре Анѓо„. Инаку, позади иницијативата за овој проект, стои синот на Стојан Трајковски, исто така познат кларинетист, академски музичар кој е вклучен во бројни меѓународни етно-проекти Благојче Трајковски.

Растејќи опкружен со музика, денес сум тоа што сум. Иницијативата за ова издание е само мало возвраќаме кон сѐ што сум добил од мојот татко. Неговата намера во богатото културно наследство кое го имаме, да ја сподели убавината на нашите традиции со светот е значајно. Јас како сведок на остварувањето на визијата на мојот татко, можам да кажам дека снимањето на овој проект беше неверојатно искуство„ – изјави синот на авторот на промоцијата.

 

“Гласот на вечната љубов„ е спој на нашето музичко наследство и сведоштво за моќта на уметноста во зачувувањето на културниот идентитет, начин како убавината од минатото пронаоѓа нов живот и како таа убавина на музиката треба да се сподели со светот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.