Во вторник, на 22 октомври 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Салон 19:19, во Културно Информативниот Центар во Скопје, ќе биде промовираната песната „Збогум младост моја“ посветена на Влада Дивљан.

Премиерна изведба на песната „Збогум младост моја“, по текст и композиција на Александар Прокопиев а во изведба на Бранислав Николов, Гоце Јованоски и Александар Прокопиев.

 

Настанот е замислен како мини-концерт на кој, покрај песната, би биле изведени и неколку песни од „Пијан Славеј“ и неколку песни од проектот „Реобмислување“.

Збогум младост моја“ е посвета на Влада Дивљан, фронтменот на групата „Идоли“, со кого Александар Прокопиев свирел заедно во неговата белградска фаза. Песната дури и е изведена, во осумдесеттите, на живи свирки во Белград, а сега, со македонски текст, повторно снимена во Битола и дел во „Алшар“ во Скопје. Песната е во издание на „Прозарт медиа“.

 

„Во 1972 година јас бев студент на компаратива и живеев како потстанар кај семејството Галиќ. За среќа, освен што беа прекрасни луѓе, со кои убаво се сложував, имаа многу добро пијано. Во тоа време јас необврзано настапував со некои белградски групи, и често на пијаното, на задоволство на домаќините, музицирав. Синот на Галиќи се викаше Владо, и беше најдобар гимназиски другар со Влада Дивљан. И нормално, дојдоа таму, Влада веќе свиреше гитара, и така почна нашето долготрајно пријателство. Веќе во јануари 1973 година формиравме група која се викаше Мерлин. И така почна една многу долготрајна музичко другарска авантура, кога името на составот се менуваше: почнавме како „Мерлин“, па „Звук улице“, и станавме прилично познати во Белград. Правевме интересни текстови и композиции, но некаде кон крајот на 1979 година јас продолжив со мојата книжевност а тие станаа многу познати како „Идоли“.

Се сетив на една моја композиција која Влада многу ја сакаше и сакаше да ја снимиме во тие наши последни разговори, но остана како идеја. Кога дојдов дома видов дека таа композиција многу лесно ми легна. Со извонредниот глас на Бранислав Николов, таа песна стара 4 децении повторно оживеа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.