Во вторник, на 8 октомври во 20 часот во „Драмски бар“ (Бифето на Драмски театар Скопје) ќе се одржи промоцијата на првата песна и спот на актерката на Драмски Театар, Александра Павлова-Бубања.

Нумерата „Апсолутно Релативно” и спотот се направени во соработка со групата „Пука Козметика“. Музиката и аранжманот се на Горан Пајак Трифуновски, а текстот на Александра Павлова-Бубања и Дарко и Жарко Масларковски.

Видео материјалите и спотот се на „Октомври филм“, а пост-продукцијата на Димитар Сеизов од „Мунлајт Продукција“.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.