Проектот наречен „Здраво пријателе“ на Сара Харалсон и Барни Есвил има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија. Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите од источен Балкан. Во Скопје ќе се одвива на 30. август во Јавна соба, со почеток од 21.00 часот, а влезот е слободен за сите.
Заедничкиот проект на Сара и Барни содржи интересна мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од Барни Есвил. Ќе го слушнете и дуото како ги изведува песните кои ги прославија низ светот. На концертите ќе има и друг музичар од исклучителна класа, Ендрју Куглер од Нешвил, тапанар во бендот US Navy.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.