Концертите во Битола, главно се случуваат во викенд кога природно се очекува многу публика. Но, последниот концерт на Битолскиот дувачки оркестар, докажа дека и една обична среда знае да ја наполни Големата сала на Центарот за култура.
Во 90 минутен концерт, во кој се редеа и џез класици за Биг Бенд оркестар и нумери на Френк Синатра, Џејмс Браун и Стиви Вондер во ритамот на фанк и соул, настапи овој возобновен оркестар под диригентската палка на Марјан Бакревски со солистите Тамара Стојковска, Јасна Димитровска и Нико Наумов.
Долги аплаузи за музичарите и аплаузи на отворена сцена за солистите од овој оркестар кој ја враќа славата на дувачките оркестри и нивните репертоари ни подари публиката, а камбекот на оркестарот по неколкудецениска пауза пред некоја година и концертите кои зад себе ги има, се само доказ дека и надвор од метрополата е возможно функционирање на вакви формации„-изјави Бакревски по завршувањето на концертот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.