На интернет се шири неверојатна снимка од концертот на шкотскиот музичар Луис Капалди, а многумина пишуваат дека плачеле откако ја гледале.
Имено, на 26-годишниот пејач, на која минатата година му беше дијагностициран Туретов синдром, имаше напади за време на изведбата на песната „Someone You Loved“.
Од ненадејниот напад пејачот не можеше да го изведе својот голем хит, но потоа се вклучи и публиката која гласно ја испеа споменатата песна.
Преубава сцена во која публиката го поддржа својот омилен изведувач трогна многумина.
„Плачам, среќен сум што го гледав ова дома“, „Сите што беа таму треба да се гордеат со себе. Луис е прекрасна личност и ова сигурно нема да го заборави“, „Се гледа благодарноста на неговото лице“, се само дел од коментарите.
„Порано можев да уживам во секоја секунда од ваков настап и се надевав дека по три недели одмор ќе можам да се опоравам. Но, вистината е дека сè уште се навикнувам на последиците од Туретов синдром и во сабота стана очигледно дека треба да посветам повеќе време на моето ментално и физичко здравје за да можам да продолжам долго да го правам сето она што го сакам“, напиша меѓу другото на својот Инстаграм профил.
Капалди и претходно отворено зборуваше за неговата борба со Туретов синдром, но и за проблемите со менталното здравје, особено за анксиозноста.
@bbc The Glastonbury crowd ft @lewiscapaldi – what a beautiful moment ❤️🤗 listen on @bbcsounds ♬ original sound – BBC
Неговите следбеници во коментарите му оставија бројни пораки за поддршка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.