Гитаристот на „Дајер Стрејтс“, Џек Сони, почина на 68-годишна возраст. Британскиот рок-бенд ја објавил веста на „Х“ (поранешен „Твитер“), а покрај фотографијата од музичарот пишувало „Џек Сони, почивај во мир“.
Причината за неговата смрт не е откриена.
Сони бил наречен „вториот гитарист во „Дајер Стрејтс“, откако се приклучил во бендот, кој бил основан во основан во 1977 година од Марк и Дејвид Нопфлер, Џон Илсли и Пик Витерс.
Веб страницата на музичарот го опишала како „писател, музичар, номадски раскажувач, татко и дедо кој „при срце“ ја примил реалноста на тешко научената лекција дека животот е краток“.
Роден во Индијана, Пенсилванија, по неговата соработка со „Дајр Стреитс“, Џек продолжи да придонесува за серија други дела на музичари, но ја заврши својата професионална музичка кариера кога се родија неговите ќерки близначки во 1988 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.