Американскиот текстописец Вилбур Х. Џенингс, авторот на стиховите за хитот „My Heart Will Go On“ од филмот Титаник, почина на 81-годишна возраст, објави „Холивуд репортер“.
Тој починал во својот дом во Тајлер, Тексас. Негувателката на починатиот, Марта Шерод, изјавила дека тој страдал од сериозни здравствени проблеми во последните пет-шест години.
Својата холивудска кариера ја започна во 1976 година, а една година подоцна, во соработка со композиторот Ричард Кер, го напиша хитот на Бери Манилоу „Looks Like We Made It“. Џенингс беше примен во Куќата на славните на текстописците во 2006 година, речиси 10 години откако го освои својот втор Оскар за песната на Селин Дион за Титаник, „My Heart Will Go On“.
Својот прв Оскар го доби за музиката од филмот „Officer and a Gentleman“ и песната „Up Where We Belong“ во 1983 година.
Во раните 1990-ти, тој соработуваше со Ерик Клептон на песната „Tears in Heaven“ од филмот Rush од 1991 година.
Песната беше номинирана за Златен глобус и ја освои наградата за песна на годината на Греми. Тој освои вкупно три Греми, два Златни глобуси и вкупно 25 различни награди.
Вилбур е роден на 27 јуни 1944 година во Тексас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.