По пауза од неколку години, на радост на љубителите на добрата македонска народна песна, оваа година повторно ќе блесне фестивалот „Прилеп фест 2022“.
Традиционално фестивалот ќе се одржи во домот на културата „Марко Цепенков“ и тоа на 26 мај (четврток), а покровител на истиот ќе биде Општина Прилеп.
„Прилеп Фест“ е познат по тоа што на него досега имаат продефилирано најквалитетните музички имиња од нашата земја кои оставиле бројни хитови.
Организаторите на фестивалот „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски, велат дека оваа година прилепчани ги очекува вечер со квалитетни песни и тоа отпеани од најзвучните имиња од нашата фолк-сцена.
Ни претставува огромно задоволство што повторно ќе го вратиме овој фестивал, бидејќи тој беше и ќе остане еден од симболите на градот Прилеп. Она што може да го ветиме, е квалитетна музика, познати изведувачи докажани на македонската сцена, а се разбира можност ќе добијат и неколку нови имиња, велат организаторите.
На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а своето учество веќе го потврдија етаблираните ѕвезди: Наум Петрески, Анета Молика, Елена Велевска, Татјана Стефановска, Андријана Кеш и уште неколку други.
Она што е важно да се напомене, е дека фестивалот ќе биде емитуван на една наша национална телевизија, а натпреварувачите или ако сакате изведувачите ќе бидат наградени со признание од публиката, како и стручна жирикомисија. Исто така ќе биде доделена и наградата за животно дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.