Минатата година, тимот на МТВ ме покани да ја претставувам Македонија на Евровизија 2024 во Малме, откри Андријана Јаневска.

Им одговорив дека со задоволство ќе прифатев да беше 2000 година, кога се натпреварував со „Твоето писмо моја библија” или 2001 година кога на Скопскиот фестивал победив со „Носталгија”. Тогаш имав 20 години, кариерата ми беше во подем и имав желба да направам нешто за Македонија. Исто така, тоа беа времиња кога Евровизија сè уште важеше за некаков културно-уметнички натпревар помеѓу народите и кога секоја земја се натпреваруваше со песна на својот јазик.
Денес имам 42 години и се чувствувам исполнето, среќно и остварено на приватен и професионален план. Што се однесува до мојата желба да направам нешто за Македонија, тоа го направив преку докторскиот труд на кој работев девет години, со кој успеав да заштитам над 150 македонски народни песни во регионите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, кои соседните држави претходно суптилно, а во последен период јавно почнаа да ги претставуваат како свои.
Благодарност до МТВ за укажаната можност, но, после ова издание на Евровизија, сметам дека донесов правилна одлука, вели пејачката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.