Предновогодишниот концерт на Каролина Дуке и Исмаил насловен „Песни за љубов и копнеж“ ќе се одржи вечерва во салата на Македонската филхармонија со почеток во 20 часот.

Проектот ,,Песни за љубов и копнеж” од Каролина, Дуке и Исмаил претставува студиски албум и концертна промоција на истиот која ќе се одржи на 23ти декември во Македонската филхармонија.
Македонската публика ќе има навистина ретка можност во живо да слушне песни кои имаат есенцијална вредност, изведени од тројца врвни уметници кои добар дел од својата днк – а ја вложија во создавањето на овој проект.
Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20иот век – златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…
После бројни настапи и соработки на Каролина, Дуке и Исмаил, идејата за овој албум се роди во 2016-та година, по што внимателно се работеше на неговиот концепт, бирање на композициите и создавање нови аранжмани, со фокус на тоа да им се даде “нов живот” на некои од најубавите песни на домашната забавна музика.
После скоро две години од неговото завршување, Каролина и нејзиниот беспрекорен вокал, Дуке и неговата уметничка и аранажманска генијалост и импровизациката моќ на Исмаил за прв пат ќе го претстават проектот ,,Песни за љубов и копнеж” на ексклузивна концертна промоција во Македонската филхармонија.
Со секоја купена влезница ќе следува физичко издание од албумот, додека албумот ќе биде достапен на сите дигитални платформи на 24ти декември.

Вратите на Македонската Филхармонија ќе бидат отворени во 19 часот и дека концертот ќе започне точно во 20 часот. Поради лимитираниот број на паркинг места околу Филхармонија и околните паркинг гаражи, ве советуваме, доколку сте во можност да се упатите на концертот со друг метод на превоз како би избегнале гужва. Во чест на љубовта и копнежот, во фоајето на Македонската Филхармонија ќе бидат поставени два продажни пулта на кои ќе се продава избор на вино, информираат организаторите.

Дека љубовта и копнежот се многу важни, поготово кога за нив пеат и свират уметници со светски квалитет како Каролина, Дуке и Исмаил зборува фактот дека вториот концерт се распродаде за точно 35 минути.

Следуваат уште три концерти на 24-ти декември во 20 часот и на 25-ти декември во 20 и во 22.30 часот во Македонска Филхармонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.