На соул пејачката Роберта Флек, најпозната по хитот „Killing Me Softly with His Song“, ѝ е дијагностицирана смртоносна болест која ја спречува повторно да настапува, пренесува „TMZ“.

Нејзиниот менаџер изјави дека на пејачката и е дијагностицирана АЛС.

Амиотрофичната латерална склероза, прогресивна болест, ја остави неспособна да пее и има потешкотии да зборува, но ќе биде потребно многу повеќе од АЛС за да се замолчи оваа икона, велат нејзините публицисти во соопштението.

Документарниот филм за животот на Роберта Флек ќе биде премиерно прикажан следната недела во Њујорк, а 85-годишната пејачка планира да објави книга за деца во јануари.

Инаку, Флек имаше неколку хитови број еден во 1970-тите и продуцираше 20 студиски албуми. Таа освои четири Греми и доби награда за животно дело во 2020 година.

Роберта исто така беше првата жена изведувач што освои два последователни трофеи за рекорд на годината во 1973 година за „First Time I Ever Saw Your Face“ и во 1974 година за „Killing Me Softly with His Song“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.