Муарем Сербезовски имал незгода на снимање на новогодишна програма, кога паднал и го повредил колкот.

Пејачот паднал од висина на 20 сантиметри, но сепак успеал да ја изведе до крај нумерата која ја пеел.

Иако лекарите првобитно мислеле дека не дошло до поголеми повреди, состојбата на Муарем се закомплицирала, па на крај морал да оди на операција на колкот.

Меѓутоа пејачот покажал неверојатна храброст и додека се подготвувал за интервенција, запеал песна на медицинскиот персонал и приготвил настан за паметење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.