Во Загреб, поточно во Малата сала на Ватрослав Лисински, се одржа комеморација по повод смртта на фронтменот на Парни Ваљак, Аки Рахимовски. На комеморацијата присуствуваше и Хусеин Хасанефендиќ Хус, долгогодишниот соработник и пријател на Аки.

– Беше нормален, топол човек, со сите доблести и маани. Со бесконечна душа и бесконечно срце, но со тотален недостаток на самоконтрола и свесност дека мора да се пази. Нема машина што оди вечно, ако не е подмачкана, не знам… Едноставно не можеше да го направи тоа. До даска, секој пат до даска – изјави Хус за Индекс.хр.

Запрашан дали некој би го заменил Аки, бидејќи Парни Ваљак планира турнеја оваа година, Хус одговори:

– Ние како бенд ќе опстанеме како формација, но сигурно нема да го смениме Аки. Можеби во одреден момент ќе свириме концерти со некој пејач кој ќе гостува или нешто слично. Аки е незаменлив. Можеби ќе има ново поглавје, не знам, не размислувам за тоа… Верувај ми, ќе умреме ако не продолжиме да свириме. Мора да свириме. Тоа не ни треба за да живееме, живееме за да свириме. Сега можеме да застанеме и ок, ќе се снајдат помладите момци, егзистенцијално сме осигурени и без Парни Ваљак… На Ваљак не му требаме за да заработиме, требаше да свириме – рече Хус и додаде:

– Мислам дека дефинитивно ќе одржиме трибјут концерт, тоа мораме да го направиме поради Аки. Што ќе се случи понатаму, не знам … – рече Хус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.