Во Ливерпул синоќа се одржа второто полуфинале на 67. издание на Изборот на песна на Евровизија, па познати се последните 10 земји учеснички во големото финале в сабота.

Така, натпреварувањето што годинава се одржува во Велика Британија го продолжуваат Албанија, претставена од Албина и „Фамиља Келменди“ со „Duje“, како и „Џокер аут“ од Словенија со песната „Carpe Diem“. Во финалето ќе настапат и Кипар, Естонија, Белгија, Австрија, Литванија, Полска, Австралија и Ерменија.

Грција, Романија, Грузија, Данска, Исланд и Сан Марино испаднаа од натпреварот.

Во првото полуфинале пласман обезбедија Србија, Хрватска, Молдавија, Швајцарија, Финска, Чешка, Израел, Португалија, Шведска и Норвешка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.