Лиза Мари Присли, единственото дете на легендата на рокенролот Елвис Присли, почина од интестинална опструкција, соопшти Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Лос Анџелес.

Опструкцијата е резултат на адхезии предизвикани од операција за слабеење на која таа била подложена пред неколку години, објави Би-Би-Си. Присли почина откако итно беше пренесена во болница во Калифорнија на 12 јануари, на 54-годишна возраст.

Од Управата за судска медицина денеска соопштија дека Лиза Мари починала од природна смрт и посочија дека срцевиот удар е предизвикан од опструкција на тенкото црево. Таа беше погребана покрај нејзиниот син Бенџамин Ки, кој изврши самоубиство во 2020 година.

Во моментот на нејзината смрт, локалните власти рекоа дека службите за итни случаи биле испратени во нејзиниот дом во Калабасас, каде што ја нашле во срцев удар.

Нејзиното последно појавување во јавноста беше два дена пред нејзината смрт, на доделувањето на наградите Златен глобус.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.