„Оловен војник“ е новиот сингл на скопскиот инди-рок бенд „Милко“.

Втората објава по минатомесечниот „Тажен понеделник”, ни ги носи „Милко“ во исклучително игриво издание. Се работи за песна во која се огледа големото искуство на бендот, надополнето со модерен, свеж музички израз и звук. Несомнено, потенцијален есенски раздвижувач во етерот.

Песната е авторско дело на Сашо Митревски. Снимена е во студио „Алшар“, продуцент е Ивица Јанкуловски.

„Милко“ по пет години пауза ќе одржат концерт на 6 ноември во Котур.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.