Обожавателите на Шинејд О’Конор ги пееја нејзините најпознати песни на трогателниот собир во Даблин во неделата попладнето за да ѝ оддадат почит на покојната ѕвезда. Околу 100 луѓе се собраа да ја отпеат „Nothing Compares to you“.
О’Конор, која почина во Лондон минатата недела на 56-годишна возраст, стекна меѓународна слава во 1990 година со нејзината верзија на споменатиот хит.
Со моќните глас и текстовите, ирската пејачка беше позната по нејзините остри социополитички ставови, вклучително и оние поврзани со скандалите на злоупотреба во Католичката црква и сексуализацијата на женските музичари.
Попладневното пеење на плоштадот Бернардо во центарот на Даблин го организираше социјалистичката феминистичка група Роза. Активистката на Роза (Роуз) и поранешната ирска парламентарка Рут Копингер ѝ оддадоа почит на починатата пејачка.
„Таа ја маѓепса публиката со нејзиниот извонреден и единствен глас кој можеше да биде шепот и крик во еден стих. Уметноста и активизмот на Шинејд О’Конор се неразделни – тие се составен дел еден на друг. Нејзиниот уметнички интегритет и чувството за правда произлегоа од нејзиното лично искуство на неправда”, рече Копингер.
Претходно во неделата, лауреатот на Меѓународната книжевна награда во Даблин, Колм Тоибин, рече дека О’Конор пееше со „мисионерко чувство за мисија“ да зборува против неправдата.
Говорејќи на BBC Radio4, тој го опиша потегот да се скине сликата на папата која била во сопственост на нејзината мајка како „извонреден момент“ кој покажал дека таа е подготвена „да оди против струјата“ за да го нагласи она што ќе стане скандал со злоупотреба на деца во Католичката црква.
Пејачката добитничка на Греми предизвика контроверзии и се најде на насловните страници кога ја искина сликата на папата Јован Павле Втори во американското ТВ шоу „Saturday Night Live“ во 1992 година, во знак на протест против Католичката црква, а со тоа поттикна жестоки реакции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.