На официјалниот Фејсбук профил на неодамна починатиот музичар Масимо Савиќ објавена е пораката што тој ѝ ја оставил на својата публика.

Како што се наведува во објавата, Масимо ја снимил пораката само три дена пред да почине од тешката болест.

Уживајте во секој момент што ви го носи овој прекрасен живот и споделете добро со сите, споделете разбирање со сите, рече Масимо.

Во објавата на Фејсбук се вели: „Тие мисли се дел од последната порака до публиката снимена од нашиот Макс, три дена пред неговото заминување. Сакаше да ви го честита Божиќ и да ви ги испрати сите најдобри желби за новата година. Твоите мисли, зборови и глас. Неизмерно ни недостасувате сите, наш најмил Макс. На ФБ споделивме линк до емисијата „Music Pub“ на Златко Туркаљ наречена „In memoriam Massimo Savić“, каде што можете да ја слушнете таа порака“.

Во објавата на Фејсбук навеле дека пораката е снимена за емисијата „Музик паб“ на Златко Туркаљ, а во неа Масимо последен пат и се обратил на својата публика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.